Top Sport

Дакар рели: Последната етапа ќе го одреди победникот кај мотоциклистите

Победникот на релито Дакар, кај мотоциклистите, ќе биде решен во последната етапа. Претпоследната етапа, која се возеше во пустината околу графот Биша, ја освои Аргентинецот Кевин Бенавидес, тој за четири секунди беше побрз од Сем Сандерленд, кој се врати на челната позиција во вкупниот пласман.

Сандерленд, последен пат беше лидер во понеделникот, потоа имаше лоши етапи, поради што ја препушти водечката позиција. Сепак, на денешната претпоследна етапа беше далеку подобар од конкурентите.

Матијас Валкнер заврши на четвртото место со пет минути послабо време од победникот, додека Андијен Ван Беверен, задоцни 21 минути и го освои 15.место.

Покрај Сандерленд лошата етапа на Валкнер и Ван Беверен, ја искористи и Чилеанецот Пабло Квинтаниља, кој се искачи на втората позиција во генералниот пласман. Чилеанецот зад Сандерленд доцни седум минути.

Последната етапа од Биша до Џеда е една од најкратките, во неа се вози специјалец од 164 километри.

Scroll to Top