Top Sport

Андоновски испрати повик до ќерката на Денис Родман

Ќерката на славниот Денис Родман, Тринити, се наоѓа на поширокиот список од 25 фудбалерки, кој го објави селекторот на САД, Влатко Андоновски.

Тринити Родман има 19 години, таа игра за актуелниот шампион Вашингтон Спирит. Изминатата сезона ја доби наградата за најдобра дебитантка во сезоната.

„Покажа дека е еден од најдобрите во првенството. Сигурно може да пружи многу и на едно повисоко ниво. Поради тоа таа заслужи да биде повикана во репрезентацијата“, ја образложил својата одлука селекторот Андоновски.

 

Scroll to Top