Иако повеќе од 75 минути играа со играч помалку, Арсенал изддржаа за 0:0 реми на гости кај Ливерпул во првиот меч од полуфиналето на Англискиот лига куп (Карабао купот), за патникот во големото финале на „Вембли“ да се решава во Лондон во вториот меч.
Гранит Џака го „расипа“ мечот, кога во 24. минута имаше апсолутно непотребен груб старт над Диого Жота, за да го добие својот шести црвен картон во дресот на „топчиите“. И покрај, ова одбраната на Арсенал успеа да изддржи, а Ливерпул во отсуство на своите двајца први стрелци, Мохамед Салах и Садио Мане, не најде решение во нападот.
Во финалето подобриот од овој двомеч ќе игра со Челси, кои веќе ги елиминираа Тотенхем со две победи (2:0 дома и 1:0 на гости).
Xhaka picks up the 6th red card of his Arsenal career ? pic.twitter.com/pL3ktiEyTf
— ESPN FC (@ESPNFC) January 13, 2022