Роџер Федерер од понеделник повторно ќе е светски тенисер број 1, менувајќи го својот голем ривал Рафаел Надал, откако во драматичен меч во три сета го победи Австралиецот Ник Кирјос за пласман во финалето на Мерцедес купот во Штутгарт.
Бидејќи и оваа година тој реши да паузира од сезоната на земја, Федерер немаше поени за губење на АТП листата, и на првиот турнир по долгата пауза, на Швајцарецот му е доволен пласман во финалето пак да биде број 1.
До победата, Федерер не дојде лесно и мораше да се враќа од брејк негатива во последниот сет за на крајот да комплетира 6:7(2)/6:2/7:6(5) победа. За прв трофеј на подготвителниот турнир за Вимблдон, Федерер ќе игра со уште еден повратник на турнејата, Канаѓанецот Милош Раонич, кој со 6:4/7:6(3) го победи актуелниот шампион Лукас Пуј.
Federer beats Kyrgios 6-7(2) 6-2 7-6(5) ?
✅ Back to world No.1
✅ 15 consecutive grass court wins
✅ Moves into 148th career final#MercedesCup pic.twitter.com/uDmQZX2JKj— Tennis TV (@TennisTV) June 16, 2018