Новак Ѓоковиќ, откако Владата втор пат му ја укина визата, ќе мора повторно да се појави пред Федералниот суд во Мелбурн.
Министерот за имиграција, Алекс Хок, во „интерес на јавното здравје“, го искористи право и му ја укина визата на најдобриот светски тенисер.
Ѓоковиќ во моментов пред судијата Ентони Кели, кој претходно ја поништи одлуката на Владата и му ја врати визата, ја обрзаложува својата одбрана.