Top Sport

Карикатура: Ѓоковиќ и министерот Хок во контејнер

Австралискиот портал „Ејџ“, објави карикатура, откако Владата повторно му ја укина визата на Новак Ѓоковиќ. Карикатуристот, Мет Голдин, илустрацијата ја подели на својот профил на „Твитер“.

На карикатурата е најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој се наоѓа во контејнер кој гори, а заедно со него е министерот за имиграција, Алекс Хок, кој во раката држи искината виза на која пишува.

„Предност, вакцинирани.“

Покрај тоа, на контејнерот се наоѓа логото на Австралија опен (АО), каде буквата О е претставена како инсинуација на коронавирусот.

 

Scroll to Top