Додека со денови трае драмата околу светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ и неговиот обид да влезе во Австралија без да е вакциниран за КОВИД-19, АТП турнејата објави дека 97 од топ 100 тенисерите на нивната листа веќе ја добиле вакцината.
„АТП продолжува да советува вакцинација за сите учесници на АТП турнејата, што е базично барање за да се справиме со пандемијата. Охрабрени сме што 97 од топ 100 тенисерите се вакцинирани пред Австралија опен“, објави АТП.
Според претходните информации, на 8 октомври 2021 година, оваа бројка била драстично помала – 48 од топ 100 тенисерите биле вакцинирани.