Top Sport

Гвардиола лично се вклучил во „потерата“ по Винисиус?

Пеп Гвардиола и Манчестер сити се обидуваат да го убедат талентот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор да се пресели во Премиерлигата, тврди шпанскиот „Ел насионал“, одејќи дотаму што лично Гвардиола се јавил на агентите на Бразилецот во обид да склучат договор.

Оваа сезона, Винисиус е во фантастична форма со 15 гола и 9 асистенции во сите натпревари за Реал, и склучи неверојатно партнерство со Карим Бензема во нападот и на „Бернабеу“ сметаат дека бидејќи има само 21 година, тој е иднината на клубот.

Меѓутоа, според „Ел насионал“, Гвардиола е огромен фан на играта на крилото и се обидел да ги убеди да почнат преговори, откако Сити подолго време бараат напаѓач по неуспешниот обид да го донесат Хери Кејн во текот на летото, а го продадоа и Феран Торес на Барселона за 55 милиони фунти.

Вини Жуниор има договор со Реал до 2024 година, а сигурно го загрижуваат вестите дека Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд ќе пристигнат во текот на летото на „Бернабеу“ и ќе бидат директни ривали за неговото место.

Според шпанските медиуми, тој заработува релативно ниски 3.5 милиони евра годишно, а претседателот Флорентино Перез би му ја удвоил платата и би поставил трансфер-клаузула од дури милијарда евра.

Scroll to Top