Исланд, како и секогаш, најдобрите партии ги остава за големите натпреварувања, победувајќи ја Португалија со 28:24 (14:10) во нивниот прв меч на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Исланѓаните направија предност од четири гола во првото полувреме, и потоа останаа во водство до крајот на мечот.
До победа во првиот меч од шампионатот стигнаа и Полјаците, покажувајќи дека се класа над Австријците стигнувајќи до 31:36 победа.
Претходно, во групата Д, Германците со 33:29 ја совладаа Белорусија, иако противникот имаше далеку подобро прво полувреме, но не успеа да ја заддржи предноста.
ЕУРО 2022, УНГАРИЈА/СЛОВАЧКА
ГРУПА Б
Португалија – Исланд 24:28 (10:14)
ГРУПА Д
Германија – Белорусија 33:29 (17:18)
Австрија – Полска 31:36 (14:17)