Борусија Дортмунд го продолжува „ловот“ на германскиот лидер Баерн Минхен, доминирајќи над Фрајбург за 5:1 победа во меч во кој блесна Томас Муние и неизбежниот Ерлинг Халанд со по два постигнати голови.
Муние во 14. минута и 29. минута со два гола го најави убедливиот триумф на „милионерите“, по што на сцена стапи Халанд, човекот околу кого има толку многу шпекулации за трансфер во последно време. Норвежанецот прво во финишот на полувремето зголеми на 3:0, па откако Ермедин Демировиќ во 61. минута намали на 3:1, го постигна и четвртиот гол за домаќините во 75. минута. Махмуд Дау во 86. минута го комплетираше „демолирањето“ на Фрајбург.
Халанд со овие два гола има постигнато вкупно 78 голови во дресот на клубот од Дортмунд во само 77 меча.