Интер се сериозни во намерите да го донесат во клубот, Паоло Дибала. „Газета дело Спорт“, објави дека директорот на Интер, Бепе Марота, веќе стапил во контакт со менаџерот на Дибала.
Паоло Дибала е подготвен да замине од Јувентус како слободен играч. Аргентинецот кој од Палермо пристигна во Торино во 2015 година за 41.000.000 евра, не успеа да се договори околу платата.
Договорот му истекува за неколку месеци, поради што може да преговара со други клубови.
„Газета дело Спорт“, тврди дека Интер му понудиле пет годишен договор, фиксна плата од 7.500.000 евра, плус одредени бонуси и дополнителни неколку милиони само за потписот.
Овој извор објаснува и како Интер ќе најде пари за да ја покрие платата на Дибала. Клубот веќе го напушти Кристијан Ериксен, а на лето истото ќе го сторат Матијас Весино, Артуро Видал и веројатно Иван Перишиќ, кој бара преголема плата за да го продолжи договорот.