Реал Бетис денеска ја победи Севилја со 2:1 во лутото градско дерби кое вчера беше одложено кога фудбалерот на Севилја, Жоан Жордан беше погоден од шипка фрлена од навивачите на Бетис, а мексиканскиот репрезентативец Андрес Гвардадо по победата реши да се потсмева со ривалот.
Вчерашниот меч беше прекинат во 40. минута при 1:1 резултат, пред денеска во продолжението, без публика на трибините, Серхио Каналес да даде гол за пласман во четврт-финалето на Копа дел Реј.
Гвардадо виде нешто смешно во сериозниот инцидент и се потсмеваше со удирање со шише во главата и паѓање.
PADRÉS GUARDADO pic.twitter.com/KmNJln8pyU
— Иacho (@nachoSD98) January 16, 2022
Хаос во Севилја – Фекир погоди од корнер, Жордан погоден од трибините, судијата го прекина мечот