Бен Симонс, уште еднаш потврди дека нема намера да игра за Филаделфија Севентисиксерс. Пред почетокот на подготовките, во септември, Австралиецот, побара од клубот да биде трејдуван во друг тим.
Филаделфија, тогаш не му ја исполнија желбата, поради што Симонс стапи во штрајк. Клубот тогаш го казни со парично, а откако почна сезоната за секој пропуштен натпревар тој добива казна од 360.000 долари.
Симонс потврдил дека сака да игра но не за Филаделфија. Уште еднаш потврдил дека сака Севентисиксерси да му најдат нов клуб до крајот на преодниот рок (10.февруари).
Симонс, ја одработува втората година од петгодишниот договор со Филаделфија вреден 177.000.000 долари.