Холандија за првпат во својата историја влезе во втората рунда на Европските првенства во ракомет, откак ово исклучително тесен и интересен меч со 32:31 ја совладаа Португалија за да го освојат второто место во групата Б зад Исланд, кој претходно го елиминираше домаќинот Унгарија.
Холанѓаните, предводени од нивниот најдобар стрелец Кеј Смитс, имаа предност од четири гола на полувреме (17:13), но Португалците останаа во живот со борбена игра. Но, на крајот им беше потребна победа од два гола разлика за да ги поминат Холанѓаните на табелата, нешто што беше недостижно.
Во групата Д, Белорусија со 29:26 ја совлада Австрија во меч кој немаше големо значење, бидејќи од таа група Германија и Полска веќе во претходното коло обезбедија втора рунда.
ЕУРО 2022, УНГАРИЈА/СЛОВАЧКА, 3.КОЛО
ГРУПА Б
Холандија – Португалија 32:31 (17:13)
ГРУПА Д
Белорусија – Австрија 29:26 (17:13)