Србија имаше одличен старт на Мундијалот во Русија, откако доминираше во 90 минити против најголемото изненадување на минатото СП, Костарика за да стигнат до 1:0 победа благодарение на магичниот гол на Александар Коларов.
Мечот започна со две убави шанси на Костарика, прво во втората минута Урена успеа да излезе пред голот на Србите, а потоа во 11. минута по двојниот корнер за Костарика, Гонзалез го имаше пред себе само голманот Стојковиќ, но со глава шутираше лошо.
Србите вратија во 15. минута по одличниот продор на Ивановиќ по десната страна, пред Навас убаво да интервенира. Брзото темпо на игра потоа малку падна, но Србите повторно имаа шанса во 27. минута кога Сергеј Милинковиќ-Савиќ доби долга топка, но голманот на Реал Мадрид повторно спаси гол. Асот на Лацио до крајот на полувремето имаше и убав обид со ножички, кој Навас го одбрани, а судијата оцени дека се работи за офсајд.
СМС, како што Италијанците го нарекуваат Милинковиќ-Савиќ покажа зошто Лацио го цени 100 милиони евра, кога во 50. минута повторно излезе пред Навас, кој беше најзаслужен што Костарика не губеше со неколку гола разлика.
Сепак, отпорот на Костарика беше скршен во 56. минута, кога по слободниот удар од дваесетина метри, Коларов не му даде шанса на Навас уште еднаш да ја спаси својата репрезентација.
That Kolarov free kick #CRCSRB #Kolarov pic.twitter.com/KpyxKoqNtA
— InterYaSkriniar ??????????? (@InterYaSkriniar) June 17, 2018
Во 85. минута од мечот Милинковиќ-Савиќ одлично го наоѓа Митровиќ во шестнаесетникот на Костарика, но овој лошо се снаоѓа и паѓа, а судијата оценува дека немало доволен контакт за пенал.
За Србија ова може да биде многу важна победа, бидејќи во група со Бразил и Швајцарија, без победа против претставникот на Северна Америка не може да се бара место во втората рунда.
Фото: ЕПА