Top Sport

Алонсо и Тојота триумфираа на 86. издание на 24 часа Ле Ман!

гдњТојота конечно ја „скрши“ клетвата на 24 часа Ле Ман стигнувајќи до доминантна победа на 86. издание на славната трка на издржливост, откако нивниот автомобил со број 8 во кој беа Фернандо Алонсо и Казуки Накаџима и Себастиен Буеми помина најмногу на француската патека.

Двата автомобили на Тојота ТС050 Хибрид беа за класа подобри од ривалите од ЛМП1 серијата, и на крајот борбата за победата се водеше меѓу нив. Автомобилот број 7 на Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Марија Лопез беа блиску во текот на ноќта до победничкиот тим, но Ф1 асот, Фернандо Алонсо успеа да направи предност коај ја задржаа до крајот.

Ова е прва победа на Тојота на Ле Ман по неколку катастрофални промашувања, вклучувајќи ја трката во 2016, кога победата им избега буквално во последниот круг.

Третото место го освои автомобилот со број 3 на Ребелион Р-13 Гибсон, со 12 кругови заостанување во состав Густаво Менезес, Томас Лорен и Матијас Беш, додека трет беше уште еден Р-13, автомобилот со број 1 на Нил Јани, Андре Лотерер и Бруно Сена.

Овој триумф е посебно сладок за Фернандо Алонсо и доаѓа во неговото деби на трката, во обидот Шпанецот да стигне до славната „тројна круна“ на автомобилизмот – победа на Ф1 трката во Монако, на 24 часа Ле Ман и на Индијанаполис 500.

Бидејќи возачот на Мекларен веќе има победено во Монако, сега му останува само победа на најпозната американска трка, Инди 500, каде што минатата година беше во игра за победа сѐ додека не му откажа моторот.

Scroll to Top