Top Sport

Покојниот татко на Дел Потро му ги потрошил речиси сите пари на тенисерот

Хуан Мартин дел Потро во февруари ќе се обиде да направи нов камбек на тениските терени,  откако шампионот од САД опен немаше многу среќа со повредите последните години и нема одиграно меч од Квинс Клаб турнирот во Лондон во 2019 година.

Според аргентинските медиуми неговата желба да се врати на тениските терени делумно доаѓа поради лошата финансиска ситуација во која го оставил неговиот татко, кој почина минатата година.

Од стартот на неговата кариера Даниел дел Потро бил одговорен за финансиите на тенисерот, и по низа лоши инвестиции во одгледување на соја, тој го оставил без огромно богатство. Дел Потро останал со 10 отсто од неговата заработувачка од над 30 милиони долари (околу 3 милиони долари) кои биле на неговата лична сметка. Според аргентинските медиуми Дел Потро дознал за ситуацијата дури откако неговиот татко починал.

Scroll to Top