Top Sport

Сосиедад го исфрли Атлетико од Купот на Шпанија

Реал Сосиедад го исфрли актуелниот шпански шампион, Атлетико Мадрид во осминафиналето на Копа дел Реј со 2:0 победа, продолжувајќи ја неимпресивната форма на тимот на Диего Симеоне.

Во Сан Себастијан, Сосиедад дојде до водство во 33. минута преку Аднан Јанузај, додека победата ја обезбеди Норвежанецот Александер Сорлот на почетокот на второто полувреме.

Со лошата форма во Ла лига, „рохибланкос“ сега имаат само една победа во последните шест меча во сите натпреварувања.

Scroll to Top