Манчестер јунајтед нема да го пуштат Џеси Лингард во Њукасл. „Страчките“ имаа намера да го позајмат фудбалерот. Покрај Њукасл, челниците на Јунајтед, одбиле и две понуди од Лондон. Лингард во своите редови сакале да го видат Тотенхем и Вест Хем.
Одлуката да ги одбијат понудите на Тотенхем и Вест Хем има логика, бидејќи овие тимови му се дирекнтни конкуренти на Јунајтед. Неразбирливо е зошто клубот го одбил Њукасл, тим кој се бори за опстанок, бидејќи Лингард во последните 50 дена, на теренот минал само една минута.
Лингарфд, по завршувањето на сезоната ќе биде слободен игра. Неговиот договор со Јунајтед истекува на 30.јуни. По овој датум самиот ќе избере каде ќе ја продолжи кариерата.