Top Sport

Баерн би можеле да го продадат Левандовски

Баерн Минхен, во летниот преоден рок, би можеле да се разделат со Роберт Левандовски. Германските медиуми тврдат дека ова сценарио е можно, доколку Полјакот, одбие да го продолжи договорот, кој му истекува на 30.јуни 2023 година.

Баерн на играчите кои се постари од 30 години секогаш им нуди, дополнителна една година во договорот, исклучок би можеле да направат со Левандовски кој има 33 години.

„Билд“, тврди дека Баерн се подготвени да му понудат едногодишно продолжување на соработката за иста плата, но исто така биле спремни за две годишен договор но со помала плата од актуелната, која изнесува 17.000.000 евра.

Во Минхен се надеваат дека Левандовски наскоро ќе одговори на нивната понуда.

Роберт Левандовски, во понеделнико, ја доби наградата на ФИФА за најдобар играч во светот.

Полјакот е играч на Баерн од 2014 година. Досега одиграл 356 натпревари, постигнал 328 голови.

Scroll to Top