Јутјуб ѕвездата Џејк Пол на руски му одговори на Хабиб Нурмагомедов на понудата да се приклучи на неговата промотерска куќа Eeagle Fighting Championship (ЕФЦ). Нурмагомедов започна со работа со ЕФЦ во САД, отворајќи седиште во Мајами и најавувајќи големи работи.
„Вратите на ЕФЦ се секогаш отворени за тебе и твојот тим“, му порача Нурмагомедов на Пол, кој во последно време предизвикува големо внимание со своите боксерски квалитети.
25-годишниот Пол, пишувајќи на руски и англиски одговори: „Договорено! Само ако се борам со тебе прво“.
по рукам. только если я буду драться с тобой первым.
deal. only if I fight you first. https://t.co/4oRAZq8Ez3
— Jake Paul (@jakepaul) January 23, 2022