Лукас Пуј стигна до својата четврта титула во кариерата, откако во француското финале на Виена опен го совлада својот поискусен и попознат сонародник Жо-Вилфрид Цонга со убедливи 6:1/6:4.
Цонга одеше на својата петта титула во 2017 година и влезе во мечот со 20-2 скор на индорс тврда подлога оваа сезона, а покрај тоа немаше загубено сет во двата претходни дуели со својот сонародник.
Меѓутоа, Пуј започна силно и го освои првиот сет експресно, доминирајќи од основната линија и не му даде шанса на Цонга да се врати во играта. Пуј беше храбар при излегување на мрежа (10 освоени поени од 12 обиди), за да ја освои својата трета титула во 2017 година и најголема во кариерата (АТП 500).
Ова се добри вести за француските фанови пред финалето од Дејвис купот во Лил против Белгија, каде што Пуј и Цонга ќе се обидат да ја вратат титулата во Франција.
Pouille beats Tsonga 6-1 6-4 to become the first player to win 3 ATP titles on 3 different surfaces in 2017. pic.twitter.com/SDEfduil4Q
— Tennis TV (@TennisTV) October 29, 2017