Top Sport

Циципас се спаси од елиминација – Нареден противник ќе му биде Јаник Синер

Стефанос Циципас успеа да се пласира во четврт-финалето на Австралија опен. Гркот, по голема борба, со пресврт го победи Тејлор Фрис 4/6, 6/4, 4/6, 6/3, 6/4.

Мечот кој траеше три часа и 26 минути го реши искористеноста на брејк шансите. Фриц нна Циципас му понуди пет шанси за брејк, од кои Гркот искористи три. Од друга страна Циципас спаси 13 од 15.брејк топки што му ги понуди на Американецот.

Циципас имаше еден винер и седум грешки повеќе од Фриц повеќе (53/52, 44/37).

Клучниот брејк, Гркот го направи во деветтиот гем од петтиот сет.

Циципас во четврт-финалето ќе игра против Јаник Синер. Младиот Италијанец, во три сета го декласира домашниот тенисер, Алекс де Минор.

Scroll to Top