Генералниот директор на швајцарскиот производител на луксузни часовници „Hublot“ (Ибло) вели дека нема прекин на соработката со светскиот тенисер број 1, и дека вакцинацијата е право на личен избор.
Ова доаѓа по скандалот со Ѓоковиќ и неговиот неуспешен обид да влезе во Австралија за настап на првиот гренд слем од сезоната, со оправдување дека не е вакциниран и така наштетува на јавното здравје и мир во земјата.
Директорот Рикардо Гваделупе во интервју за „Ројтерс“, вели дека чекаат да го слушнат личното искуство на Ѓоковиќ.
„Чекаме да ја слушнеме неговата позиција за тоа низ што помина. Принципот на вакцините е нешто приватно. Ние ја цениме личната слобода, секој може да одлучи, секој може да биде за или против, тоа е нашата позиција. Кога ќе се слушнеме со Ѓоковиќ ќе имаме дефинитивна позиција“, вели Гваделупе.