Директорот на Црвена звезда, Звездан Терзиќ потврди дека клубот се согласил да го продаде тинејџерот Марко Лазетиќ на Милан, иако своја понуда дале и Фиорентина.
„Росонерите“ ќе го добијат 18-годишниот напаѓач за 5 милиони евра, и сега останува само да се договорат условите со агентите на фудбалерот за трансферот.
„Имаше интерес од големи клубови за Лазетиќ, од Зенит, Салцбург, Фиорентина. Трансферот е знак дека работиме добро во последните години. Со овој трансфер ќе ги исплатиме големите инвестиции во младинскиот сектор, кој не чини 3 милиони евра годишно“, изјави Терзиќ.