Јувентус, во наредните денови, треба да го заврши трансферот на Душан Влаховиќ. Фиорентина ќе добие 75.000.000 ев4ра од овој трансфер. Медуумите шпекулираат дека 67.000.000 евра е фиксниот дел, кој треба да биде исплатен веднаш, а останатите 8.000.000 евра Јувентус ќе ги исплаќа преку разни бонуси.
Новинарот, Николо Шира, објави дека Влаховиќ, во октомври 2020 година донел одлука да се пресели во Јувентус.
Од моментот кога решил каде сака да ја продолжи кариерата, Влаховиќ ги одбил Арсенал, Њукасл, Атлетико Мадрид, Тотенхем и Борусија Дортмунд.
Познато е дека минатото лето Атлетико понудија 55.000.000 евра, а во овој преоден рок Арсенал испратиле понуда од 70.000.000 евра. Неофицијално, понудата на Њукасл била 90.000.000 евра. „Страчките“ на фудбалерот му нуделе годишна плата од 12.000.000 евра.
Влаховиќ, во Јувентус ќе има годишна плата од 8.000.000 евра, со што ќе биде еден од најдобро платените играчи во Серија А. Од учинокот на теренот, ќе може годишно да добие и бонус од 2.000.000 евра.
Српскиот репрезентативец, со Јувентус, ќе потпише петгодишен договор.
Влаховиќ ќе биде најскапиот зимски трансфер во Италија. Претходниот рекорд беше во сопственост на Милан, кога за Лукас Пакета платија 40.000.000 евра.