Top Sport

Беретини избори полу-финале против Надал

Матео Беретини ќе му се спртивстави на Рафаел Надал во полу-финалето на Австралија опен. Тенисерот од Италија, за нешто помалку од четири часа го победи Гаел Монфис со 3:2. Беретни, слично како и неговиот следен противник, испушти предност од 2:0 во сетови, но на крајот победи со 6/4, 6/4, 3/6, 3/6, 6/2.

Седмиот носител, делуваше мошне сигурно во водните два сета. Играше сигурно кога сервираше, а во двата сета ги искористи шансите за брејк. Монфис возврати во наредните два сета, еден брејк му беше доволен да намали на 2:1, а два, во петтиот и деветтиот гем да израмни на 2:2.

Францускиот тенисер сепак не успеа да го искористи моментумот. Беретини, во решавачкиот сет, експресно направи два брејка, поведе со 4:0 и го заклучи мечот.

Беретини, со следниот противник, има одиграно само еден меч, во полу-финалето на Ју-ес опен во 2019 година. Победата му припадна на Надал.

Scroll to Top