Кристијан Ериксен се врати на „Јохан Кројф арената“ за тренинг со неговиот поранешен клуб Ајакс, пред најавениот трансфер во англискиот премиерлигаш Брентфорд.
Данецот се обидува да ја рестартира својата кариера во бурните шест месеци во кои доживеа срцев удар на ЕУРО 2020, пред да добие раскин на договорот со претходниот клуб Интер, откако правилата не му дозволуваа да се врати на фудбалот во Италија.
29-годишниот Ериксен според сегашните правила во Англија, смее да игра во Премиерлигата, и Брентфорд се најзаинтересирани да му дадат шестмесечен договор во обид да донесат засилување во борбата за опстанок. Но, прво тој се врати во Ајакс, клубот каде што ја почна кариерата во 2010, и имаше 160 настапи, освојувајќи три титули од Ередивизие, пред во 2013 да замине во Тотенхем
„Пресреќен сум што сум тука, бидејќи во Ајакс ги познавам луѓето и ова е како враќање дома. Со младиот тим на Ајакс можам да тренирам на највисоко ниво. Тоа е совршена основа за мене, бидејќи сакам да се вратам во најдобра можна форма што е можно побргу“, изјави Ериксен.
Legends are always welcome ♥️@ChrisEriksen8 is training with Jong Ajax this week. The Danish international is working to keep his fitness levels until he finds a new club.
— AFC Ajax (@AFCAjax) January 25, 2022