Челси, Премиерлигата и УЕФА го ставија под истрага поранешниот капитен на Челси, Џон Тери откако тој промовираше продажба на дигитални уметнички дела преку таканаречени НФТ токени (non-fungible tokens).
Челси неодамна го вратија Тери во клубот како консултант, но демантираат дека се вклучени во продажбата на клипартот на кој е претставен мајмун во дресот на Челси со капитенска лента, и најавија дека се консултираат со Премиерлигата и со УЕФА околу можното нарушување на правата на клубот, лигата и федерацијата.
Тери е последен од фудбалерите кои дадоа поддршка на проектот преку „Ape Kids“ во кој се цртаат мајмуни со ликот на фудбалерите, откако претходно беа вклучени Ешли Кол, Вилијан, Рис Џејмс, Марко Верати, Теми Абрахам, Ешли Кол и Нигел де Јонг.
НФТ токените се уникатни дигитални фотографии базирани на блокчеин технологијата, која поддржува криптовалути како Биткоин и во последно време на аукција достигнуваат високи суми. Иако се работи за дигитална фотографија која може да се копира бесконечно, тој што го има дигиталниот сертификат може да биде сигурен дека ја има единствената „оригинална“ копија.