Ник Кирјос и Танасис Кокинакис, изборија пласман во финалето на Австралија опен.
На голема радост на публиката, Австралијците славеа против третите носители, Шпанците Марсел Гранољес и Хорасио Себаљос (7/6, 6/4)
Првиот сет Кирјос и Кокинакис го добија во тај-брејкот. Во вториот експресно стигнаа до брејк, поведоа со 3:0. Шпанците одговорја во седмиот гем, кога во вратија брејкот. Нов брејк со кој го решија победникот Кирјос и Кокинакис направија во десеттиот гем.
За титулата во конкуренција на дублови, Кокинакис и Кирјос, ќе се борат со сонародниците Ебден и Пурсел.
Incredible last return game to break and win on a packed Laver Arena. pic.twitter.com/x21TTPxVw9
— José Morgado (@josemorgado) January 27, 2022