Незадоволни од потезите што ги влечат клупските челници, навивачите на Евертон, синоќа протестираа пред „Гудисон парк“.
Навивачите барале Надзорниот одбор да замине од клубот. На еден од транспарентите пишувало: „Си го сакаме назад нашиот клуб“. На крајот тие фрлиле боја преку сликата на сопственикот, Бил Кенрајт.
Исто така, јасно го искажале ставот дека не сакаат Португалецот Витор Переира да биде новиот менаџер.
„Не го сакаме Переира, го сакаме Лампард“.
Евертон игра лошо оваа сезона, се наоѓа на 16.место на табелата со само 19 поени. Поради лошите резултати, пред десет дена отказ доби менаџерот Рафа Бенитез.