Top Sport

Ерера од почит кон Манчестер јунајтед го одбил Тотенхем

Андер Ерера го одбил предлогот да се пресели во Тотенхем, во замена за Тангуј Ндомбеле.

Поранешниот играч на Атлетик Билбао и Манчестер јунајтед на Леонардо му соопштил дека во Премиер лигата може да игра само за Манчестер јунајтед и за ниту еден друг клуб.

Ерера, во сезоната 2016/2017, кога Јунајтед го освои Лига купот и Лига Европа, беше прогласен за најдобар играч на „црвените ѓаволи“.

Scroll to Top