Top Sport

Звезда прва го доби Олимпијакос дома, Зенит го собори шампионот

Црвена звезда стана првиот тим кој успеал да го победи Олимпијакос на гостински терен оваа сезона во Евролигата, заминувајќи си од Пиреја со 74:70 победа, по вкупно 10 домашни победи на Олимпијакос.

Огњен Добриќ ги предводеше Звезда со 14 поени, вклучувајќи го клучниот поен за 74:67 водство по 6-0 серијата на српскиот клуб. Олимпијакос губеше во поголемиот дел од второто полувреме, откако водеше со 39:37 во третата четвртина. Везенков ги предводеше Олимпијакос со 20 поени, Костас Слукас додаде 18.

Зенит Санкт Петерсбург се врати на победата со 76:67 триумф над актуелниот шампион, Анадолу Ефес, подобрувајќи го скорот на 13-7 за фантастично четврто место на табелата. Алекс Појтрес имаше 21 поени и 9 скока за тимот на Чави Паскал, кој пак има неверојатен скор од 12-1 над тренерот на Ефес, Ергин Атаман.

ЕВРОЛИГА, 23.КОЛО

Зенит Санкт Петерсбург – Анадолу Ефес 76:67 (17:18, 20:18, 15:6, 24:25)

Олимпијакос – Црвена звезда 72:76 (21:22, 15:15, 16:19, 20:20)

Scroll to Top