Даниел Малдини, синот на легендарниот дефанзивец на Милан (и директор во клубот) Паоло Малдини, е блиску до позајмица во СПАЛ до крајот на сезоната, јавува „Калчомеркато“.
20-годишниот Малдини бара место за да добие повеќе шанси да игра и второлигашот СПАЛ е подготвен да му даде таква понуда. Малдини Јуниор има 219 одиграни минути во 11 настапи оваа сезона и еден постигнат гол.
„Росонерите“ исто така се во преговори со Валенсија за позајмица со опција за заминување за Самуел Кастилехо.