Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко открива дека постои договор јапонската Хонда да продолжи да ги снабдува со мотори до крајот на турбо-хибридната ера во 2025 година.
Хонда почна со партнерството со Ред бул преку јуниорскиот Торо росо (сега Алфа Таури) во 2018 година, пред главниот тим да добие мотори во 2019, но по крајот на сезоанта 2021, Хонда се повлече од спортот, а Ред бул си постави сопствена фабрика „Ред бул пауертрејнс“, која ќе ја преземе интелектуалната сопственост на Хонда и ќе го развива моторот, но сега е договорено јапонската компанија да праќа мотори од Јапонија до крајот на 2025, пред во 2026, Ред бул сами да ја преземат работата.
„Имаме целосно поинакво решение од тоа кое беше предвидено. Моторите ќе бидат произведувани во Јапонија до 2025, ние воопшто нема да ги допираме. Тие права ќе останат со Јапонците, бидејќи од 2026 ќе бидеме новаци. Првично беше предвидено да изградиме наши мотори за 2022, но вака имаме голема предност, бидејќи ќе работиме само на подесувањата и калибрацијата на моторите“, вели Марко.