УФЦ легендата Хабиб Нурмагомедов е подготвен да плати необична цена да се сретне со својот спортски идол, НБА легендата, Мајкл Џордан.
При пристигнувањето во Мајами за првото американско шоу на неговата промотерска куќа Eagle Fighting Championship (ЕФЦ), Хабиб беше запрашан од американскиот комичар Боб Менери што е подготвен да даде за да се сретне со најголемиот кошаркар на сите времиња, Џордан.
„Колку овци добивам за Мајкл Џордан?“, прашува Менери.
„Три овци! Ако средиш да се сретнам со Мајкл Џордан, ќе ти дадам три овци“, вели Хабиб.
„Тогаш подготви ги трите овци“, вели Менери.
„И нему ќе му дадеме три кучиња“, додава Хабиб посочувајќи кон уште еден комичар, Кајл Форгерд.
Дека понудата не е шега најдобро зборува тоа што Хабиб во својот роден Дагестан има голем бизнис со земјоделство, како и ланец на фаст-фуд ресторани „M-Eat by Khabib“.