Јувентус официјално го потврдија пристигнувањето на напаѓачот Душан Влаховиќ од Фиорентина, ставајќи крај на најголемиот трансфер досега во јануарскиот преоден рок.
22-годишниот српски напаѓач беше во фантастична форма оваа сезона со 17 гола во 21 меч од Серија А во Фиренца, по што привлече внимание на повеќе врвни европски клубови, вклучувајќи ги Арсенал и Тотенхем, но тој беше заинтересиран само за трансфер во Јувентус.
На официјалниот веб-сајт на Лега Серија А, Јувентус официјално го пријавија договорот на Влаховиќ, и тоа без позајмица, односно директно купување на фудбалерот. Според новинарот Фабрицио Романо, договорот вреди 75 милиони евра вкупно со сите бонуси.
Влаховиќ би можел да дебитира за Јувентус веќе на следниот меч против Верона на 6 февруари и ќе биде огромно засилување за тимот на Масимилијано Алегри, посебно бидејќи тој е без повредениот Федерико Киеза, иронично, уште еден фудбалер кој пристигна од Фиорентина во октомври 2020 година.
Неговото пристигнување исто така остава простор за заминување на Алваро Мората, кого го посакуваат Барселона, Њукасл и Тотенхем.
???, ??????, #???! ?✅
— JuventusFC (@juventusfc) January 28, 2022
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
Влаховиќ стана најскапиот играч од просторите на поранешна СФРЈ