Џејк Пол, славниот Јутјубер кој од неодамна е и неочекувана боксерска ѕвезда, објави песна во која брутално ги напаѓа претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, но и Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов, продожувајќи ја јавната „војна“ со УФЦ.
Во видеото од три и пол минути, кое и претхопдно беше ветено од Пол, се појавува поранешната УФЦ ѕвезда, Крис Сајборг, која сега потпиша за Белатор, и која во „седиштетот на УЦФ“ потпишува договор за 12.000 долари по меч, а Вајт и вели дека „може да биде богата како Мекгрегор“.
Нарекувајќи го Вајт „ќелава кучка“, Пол му дава задачи на Дејна, како „зголемување на пеј-пер-вју цените и помала исплата за фајтерите“, и на крајот му порачува „Е.и го Дејна Вајт“.
Потоа на ред се УФЦ фајтерите – прво Хорхе Масвидал, кому му се потсмева дека заработил 5 милиони долари за 50 меча, па Нејт Дијаз за неговата говорна мана, за да посочи дека УФЦ не може да се опорави по повлекувањето на Нурмагомедов во 2020, за на крај да дојде Мекгрегор, кому му се потсмева што не победил пет години, нарекувајќи го „богат мал чудак со грди заби“.