Top Sport

Реал го доби трилерот во две продолженија, Швед го реши руското дерби

Во битка која се одвиваше во две продолженија, Реал Мадрид стигна до 90:84 победа на гости кај Монако во најинтересниот меч од 23. коло во Евролигата.

Две француски даб-дабл партии на Гершон Јабуселе (18 поени и 10 скока) и Винсен Поаире (10 поени и 14 скока), ја обезбедија предноста на Реал Мадрид, иако имаа дури 19 загубени топки. Ова беше седма победа во низа за „кралевите“, кои сега се на врвот на табелата. Ова беше 12 победа во последните 13 меча во сите натпреварувања за тимот на Пабло Ласо.

Монако на Саша Обрадовиќ, пак имаа четири победи во низа пред дуелот со Реал, а најдобри беа Алфа Дијало и Двејн Бејкон со 19 поени. Монако има 10-12 скор.

Во руското дерби пак, Алексеј Швед имаше фантастични 27 поени за да ги предводи ЦСКА Москва до 86:75 победа на гости кај Уникс Казан, за да се врати на победите по катастрофалниот домашен пораз од Олимпија Милано, меч во кој швед имаше 2-од-11 од поле.

Швед исто така ги постигна клучните поени – тројката за 66:72 и потоа двата поени за 68:77 на две минути до крајот. Никола Милутинов имаше 17 поени и 7 скока за ЦСКА, додека Вил Клајбурн имаше 16 поени. За Уникс, Марио Хезоња и Лоренцо Браун беа најефикасни со по 21 поен.

ЕВРОЛИГА, 23.КОЛО

Уникс Казан – ЦСКА Москва 75:86 (20:16, 12:21, 25:27, 18:22)

Монако – Реал Мадрид 84:90 (18:16, 16:19, 23:21, 9:10, 18:24)

Панатинаикос – Басконија 75:63 (22:8, 16:12, 19.12, 18:31)

Баерн Минхен – Алба Берлин 62:56 (16:16, 10.8, 15:20, 21:12)

Олимпија Милано – Жалгирис 65:58 (20:20, 19:10, 15:15, 11:13)

Scroll to Top