Top Sport

Лампард ќе биде новиот менаџер на Евертон

Легендата на Челси, Френк Лампард ќе биде новиот менаџер на Евертон. „Карамелите“, наскоро ќе ја официјализираат соработката со тренерот кој доаѓа на местото на Рафа Бенитез. Шпанецот доби отказ поради лошите резултати.

Френк Лампард е без работа една година. Во јануари минатата година тој доби отказ во Челси. Со „сините“, Лампард забележал 44 победи, 17 нерешени резултати и 23 порази.

Главна цел на лампард ќе му биде да избори опстанок во Премиер лигата. Евертон во овој момент има само четири бода повеќе од тимовите кои се наоѓаат во опасната зона.

Лампард ќе дебитира на клупата на Евертон на 8.февруари против Њукасл.

Scroll to Top