Top Sport

Морент ја растури Јута, нов пораз на ЛА Лејкерс

Мемфис Гризлис се зацврстија на третата позиција во Западната конференција. Во директниот дуел за третото место Гризлис ја победија Јута 119:109. ЛА Лејкерс, без Леброн Џејмс, доживеаја нов пораз.

Мемфис уште еднаш потврдија дека сезонава имаат тим за висок пласман. Еден од најмладите тимови во лигата ја победи Јута 119:109. Блескаше Џа Морент со трипл-дабл од 30 поени и по 10 скока и асистенции. Јута без Руди Гобер и Донован Мичел се наоѓа во серија од четири порази.

Шарлот Хорнетс славеа победа во дуелот со ЛА Лејкерс 117:114. „Езерџиите“ во пораз ги однесе Расел Вестбрук и покрај тоа што постигна 35 поени. Вестбрук лошо ги одигра последните два напади на неговиот тим, на крајот промаши и шут со кој можеше на Лејкерси да им избори продолженија.

Актуелните шампиони, Милвоки Бакс лесно се справија со Њујорк Никс. Во победата 128:103, Јанис Адетокумбо забележа 38 поени и 13 скокови, а Џру Холидеј 24 поени и 10 асистенции.

Scroll to Top