Лука Дончиќ ги предводеше Далас маверикс до својата 13-та победа во последните 16 мечеви, овојпат од 132:105 над Индијана пејсерс.
Словенечкиот кошаркар имаше 30 поени, 12 асистенции и 6 скока, а му помогна Реџи Булок со 23 поени и 3 скока, како и Максимилијан Клебер со 15 поени и 14 скока. Кај Индијана, која сега има 14 порази во последните 18 натпревари, Вашингтон Јуниор имаше 22 поени, а Сабонис 21 поен, 15 скока и 8 асистенции.
Во саботното дерби, Голден Стејт вориорс со 110:106 ги совладаа Бруклин нетс. Кајри Ирвинг имаше 32 поени за Нетси, но тоа не беше доволно за победа. Кај Вориорс, Вигис имаше 24 поени, а Кари 19.
Најнеизвесно беше во Мајами, каде што Хит по три продолженија загубија со 120:124 од Торонто репторс. Батлер имаше 37 поени, 14 скока и 10 асистенции за Мајами, додека Трент заврши со 33 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Далас – Индијана 132:105
Њу Орлеанс – Бостон 97:107
Филаделфија – Сакраменто 103:101
Мемфис – Вашингтон 115:95
Мајами – Торонто 120:124
Голден Стејт – Бруклин 110:106