Top Sport

Кулушевски „утешно“ засилување за Конте во Тотенхем

Јувентус и Тотенхем се договорија – Дејан Кулушевски ќе замине во Премиерлигата на позајмица од 5 милиони евра со обврска за купување за 35 милиони евра доколку лондонскиот клуб се квалификува за Лигата на шампионите, тврди „Скај спорт Италија“.

Клубовите наводно се договориле во саботата навечер, стигнувајќи до договор пред понеделничкиот крај на преодниот рок, така што шведскиот репрезентативец со македонско потекло денеска ќе ги помине медицинските тестови во Лондон.

Доколку сумите се точни, Јувентус ќе заработи 10 милиони евра повеќе од сумата која ја дадоа на Аталанта во јануари 2020 година, и покрај тоа што тој не воодушеви со настапите во торинскиот клуб.

Се верува дека клучен човек во трансферот е директорот на Спарс, Фабио Паратичи, кој беше директор во Јувентус кога беше договорен трансферот на Кулушевски од Аталанта. Се верува дека Тотенхем се блиску до уште еден фудбалер на Јуве, Родриго Бентанкур, во договор од 20 милиони евра.

Scroll to Top