Top Sport

Режим! Роналдо не му дава мобилен телефон на својот 11-годишен син

Откако претходно призна дека не му дозволува на својот 11-годишен син да јаде чипс и да пие Кока-Кола, Кристијано Роналдо открива дека Кристијано Јуниор нема мобилен телефон бидејќи не сака да стане „опседнат со технологијата“.

Кристијано Јуниор, кој е дел од академијата на Манчестер јунајтед, постојано барал од неговиот татко да добие мобилен телефон како многу негови врсници, но Роналдо вели дека тоа не е добар пример. При добивањето на наградата за најдобар стрелец на сите времиња во организација на „Глоуб сокер“ во Дубаи, Роналдо објасни зошто е така.

„Технологијата помага многу. Ми помогна мене и на целиот свет и треба да го искористиме тоа, но не смееме да бидеме опседнати. На пример, мојот најстар син ќе наполни 12 години и секогаш ме прашува: ‘Тато, дали може да добијам мобилен телефон’. Му велам: ‘Кристијано, има време’. Знам дека младата генерација се чекор понапред од нас, но не смееме да бидеме опседнати со технологија. Не им давајте постојано. Тоа е главната поента“, вели Роналдо.

Scroll to Top