Top Sport

Милан не се сигурни дали ќе му дадат нов договор на Златан

Иднината на Златан Ибрахимовиќ во Милан е неизвесна по загриженоста за неговата физичка подготвеност по последната повреда, тврди „Ла газета дело спорт“.

40-годишниот шведски ветеран се обидува да се врати во акција по повредата на ахиловата пета при 0:0 ремито со Јувентус минатиот викенд. Иако се очекува да биде подготвен за големото „Дерби дела Мадонина“ против Интер, повредата предизвикала загриженост во Милан.

Според „Газета“, договорот на Ибрахимовиќ завршува на крајот на сезоната, и одлуката за можно продолжување нема да биде донесена на состанок, туку ќе биде одлучена од неговата форма и достапност до крајот на сезоната. Доколку неговото тело изддржи, Милан автоматски ќе го обноват неговиот договор, бидејќи го ценат неговото присуство во соблекувалната, но доколку тој не е подготвен за уште една сезона, тогаш ќе дојде до разделба.

Scroll to Top