Роџер Федерер му прати интересна порака на својот долгогодишен ривал Рафаел Надал, откако 35-годишниот Шпанец го помина Федерер и Новак Ѓоковиќ со својата 21. гренд слем титула по победата на Австралија опен.
Надал се врати од два сета негатива по повеќе од 5 часа да го совлада Данил Медведев, станувајќи првиот до големата титула број 21, и Федерер, слично како Ѓоковиќ претходно му честиташе на ривалот.
„Каков меч! До мојот пријател и голем ривал, Рафаел Надал, честитки од срце што стана првиот човек со 21 гренд слем титули во сингл. Пред неколку месеци се шегувавме дека двајцата сме на патерици. Никогаш не го потценувај големиот шампион. Твојата неверојатна работна практика, едукација и борбен дух се инспирација за мене и безброј други низ целиот свет. Горд сум што ја делам оваа ера со тебе и почестен со тоа што те ‘туркав’ да успееш во повеќе. Како што ми правеше ти мене во последните 18 години. Сигурен сум дека имаш многу остварувања пред тебе, но сега уживај во ова“, напиша Федерер.