Фудбалската репрезентација на Канада е чекор поблиску до Светското првенство во Катар. Во дербито Канада ги победи САД со 2:0.
Канада дојде во водство со голот на Кајл Ларин во седмата минута, а конечниот резултат го постави Сем Адекугбе во 95.минута.
Уште еднаш во овие квалификации, еден од јунаците на Канада беше голманот на Црвена звезда, кој имаше спектакуларна одбрана во 43.минута.
Milan Borjan denies Weston McKennie the equalizer ❌
(via @CBSSportsGolazo)pic.twitter.com/wNIe0rgpZr
— B/R Football (@brfootball) January 30, 2022
На три кола до крајот на квалификациите во Северна и Средна Америка, Канада води со 22 бода, четири повеќе од САд и Мексико и пет од Панама.
Во наредното коло, Канада ќе гостува во Ел Салвадор, а САД ќе го пречекаат Хондурас.
Од оваа квалификациска зона, првите три селекции ќе изборат место на СП, а четвртопласираната репрезентација ќе игра во интернационалниот бараж.