Данил Медведев, не успеа да ја освои втората гренд-слем титула во кариерата. Медведев против Рафа Надал испушти предност од два сета, не успеа да одговори на предизвикот, потклекна и пред (не)коректните навивачи на „Род Лејвер арена“.
По мечот честитајќи му ја победата на Надал, Медведев, истакнал дека навивачите секогаш се против руските тенисери. Во монологот рекол дека гренд-слем турнирите повеќе нема да му бидат приоритет.
„Ова е приказна за момче кое престана да сонува за големи работи во тенисот. Кога бев дете, на ТВ ги гледав гренд-слем турнирите. Играа најголемите ѕвезди, навивачите ги поддржуваа. Сонував да бидам таму. Како јуниор доаѓав на гренд-слем турнирите, тогаш сфатив дека сакам да бидам таму, дека сакам да играм со најдобрите во светот. Нема да објаснувам зошто, но во текот на мечот некои работи ми станаа јасни. Во иднина тенис ќе играм за себе, за семејството, за луѓето кои веруваат во мене. Секако и за сите Руси, таму чувствувам голема поддршка“, рекол Медведев.
„Вака ќе ви кажам. Ако постои турнир во Москва на тврда подлога во исто време кога се игра Ролан Гарос или Вимблдон, ќе играм таму дури и по цена да не играм на Ролам Гарос или Вiмблдон. Детето во мене престана да сонува. Тоа е тоа. Тоа е мојата приказна“.