Top Sport

Синот на Паличка: Тато е најдобар во светот…втор најдобар. Ландин е малку подобар

Голманот на ракометната репрезентација на Шведска, Андреас Палич, во неделата, беше еден од хероите во победата над Шпанија во финалето на Европското првенство.

Шведска, во драматичен натпревар ја победи Шпанија и по 20 години повторно се закити со злато на континенталниот шампионат. За најдобар играч во финалето беше прогласен Паличка.

По враќањето во Шведска, неговиот син, Астон имал интересно интервју.

„Колку е добар твојот татко“, го прашале Астон Паличка.

„Тој е најдобар во светот..втор најдобар. Ландин е малку подобар“.

„Какво е чувството сега кога дома носи златен медал“.

„Чудно чувство. Обично носи дома сребро или бронза“.

 

Scroll to Top