Реал Бетис му нанесе тежок 0:4 пораз на Реал Сосиедад на гости за да се пласира во полуфиналето на Кралскиот куп, и уште еднаш покажа дека тимот на Маурисио Пелегрини е во одлична форма.
Хуанми ги донесе гостите од Севилја во водство уште во 12. минута, а откако во финишот на првото полувреме беше поништен израмнувачкиот гол на Аднан Јанузај, уште еднаш беше прецизен во 57. минута. Вилијан Жозе ја најави катастрофата на домаќините во 83. минута со гол од пенал, пред Аитор Рубал да ги постави конечните 0:4 во 87. минута.
Валенсија и Рајо Валјекано на Столе Димитриевски веќе се во полуфиналето, додека за последниот патник се одлучува вечерва, кога Атлетик Билбао го пречекува Реал Мадрид.